Официјално: Вардар се засили со дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска!(ФОТО)

146
ФОТО:facebook.com/fcvardarad

И официјално шампионот има нов дефанзивец. Тоа е Сирики Дијабате (23) кој доаѓа на местото на Дарко Велковски кој направи трансфер во Бахреин. Дијабате е централен дефанзивец и со своите 192 см ќе биде и тоа како опција за дефанзивата на Вардар.

Последен клуб на Дијабате бил Муаитер од Втората лига на Катар, а претходно настапувал во бугарските тимово Ботев Враца и Ботев Пловдив.

Колку за потсетување Вардар вчера, по двата порази од Шкендија и Струга ТЛ, успеа да слави во третото дерби и тоа со Силекс со 4:1. Дали на повидок е надминување на тешката криза во тимот, останува да се види на следниот натпревар против Тиквеш на гости.

ПретходноБаскет Кам и Пробаскет се спасија – ќе играат во највисок ранг
СледноОд Охрид ја смируваат ситуацијата: Ѓукиќ не мрда никаде!