Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да биде во составот на Аталанта за утрешниот реванш натпревар со Хапоел ТА во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА.
Елиф кој веќе ги одигра првите минути за тимот од Бергамо во премиерното коло во Серија А не е регистриран за оваа рунда во европските купови. Затоа Сари не ќе може да го искористи за мечот во Унгарија кој е на програмата утре. Утрово Елмас тренираше со тимот, но ќе остане во Бергамо за да го очекува следниот меч од Серија А.
Аталанта на реваншот со Израелците ќе мора и без повредените Сулемана, Хиен и Кристенсен.










