ВМФЛ: Брера водеше со 0:2 во Охрид ама дојде само до бод, Работнички го декласира Камјани

241

Попладнево се одиграа шест средби од 7.коло во ВМФЛ. Во дербито во Охрид, истоимениот тим одигра 2:2 со Брера во икслучително интересен меч. Струмичани имаа водство од 0:2, но сепак на крајот дојдоа само до бод.

Работнички на Маџари го декласира Камјани со 5:1, со ова тимот од Дебар Маало и дефинитивно се приклучува при врвот на табелата. Кудија ја отвори серијата, Бошњаков постигна два гола, стрелци беа и Стефановски и Затуроски.

Македонија ЃП славеше на Чаир во скопската пресметка против Шкупи со 0:1 и тоа со голот на Кристијан Таневски.

Интересно беше и во Кочани. Гостинскиот тим на Еуромилк имаше водство од 0:1 до 90+3.минута кога Осогово со гол во последните секунди се спаси од пораз.

На мечот Новаци – Тетекс славеа гостите со 1:4. Инаку овој меч доцнеше половина час.

И мечот во Радовиш мечот меѓу Детонит и Кожуф почна подоцна, а крајниот исход беше 1:1 во тренерскиот дуел меѓу Здравков и Алтипармаковски.

РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО

Охрид – Брера 2:2

Осогово – Еуромилк 1:1

Работнички – Камјани 5:1

Шкупи – Македонија ЃП 0:1

Детонит – Кожуф 1:1

Новаци – Тетекс 1:4

УТРЕ – 18 Ч

Беласица – Пелистер

ТАБЕЛА

Охрид 16, Работнички 15, Брера 14, Пелистер 14…

ПретходноВерстапен по спринтот, ја освои и пол позицијата во Сингапур
СледноБаерн само со реми кај Аугзбург