Катерина Николоска и натаму го става македонското џудо на светската сцена

90
Фото: Џудо Федерација на Македонија

Изминатите две недели беа исполнети со нови големи предизвици и меѓународни ангажмани за нашата судијка Катерина Николоска.

Со старт на домашниот Јуниорски Европски куп во Скопје и по ангажманот како судија на Grand Prix Lima, Катерина веднаш се упати кон Светското првенство за кадети во Гвајакил, Еквадор, каде повторно го претставува македонското џудо на највисоко светско ниво.

За неа нема пауза. Следниот ангажман се Медитеранските игри во Таранто, натпреварување на кое Катерина во минатото настапуваше и како натпреварувач, претставувајќи ја Македонија и Македонскиот олимписки комитет на Медитеранските игри во Мерсин 2013.

Веднаш по Таранто, следува уште еден значаен ангажман – Европското првенство за јуниори во Подгорица.

Од натпреварувачки татами, до најголемите светски турнири во улога на судија – патот продолжува со многу работа, посветеност и љубов кон џудото.

ПретходноБадел 1862 ја задржа и втората Американка
СледноУ-15: Македонија поразена од Украина