Бадел 1862 ја задржа и втората Американка

34

Уште една кошаркарка која беше дел од минатата исклучително успешна сезона за Бадел 1862 останува во тимот.

Арин Фримен ја продолжи соработката со Бадел 1862 Таа дојде од американската НЦАА-лига во февруари и за кратко време се наметна како една од клучните и најефикасните кошаркарки во Бадел 1862. Нејзиниот просек беше 18 поени, 8 скока, 5 асистенции и 3,6 украдени топки по натпревар.

„Исклучително сум благодарна и возбудена што официјално го продолжувам договорот со тимот. Благодарна сум за можноста повторно да бидам дел од екипата, како и за довербата што ми ја укажа клубот.

Навистина уживав минатата сезона, играјќи заедно со моите соиграчки и работејќи со стручниот штаб и претседателот. Со нетрпение ја очекувам новата сезона, повторно да се вратиме на работа, да продолжиме да напредуваме и да се натпреваруваме на највисоко ниво.

Возбудена сум за сè што ни претстои и едвај чекам да започнеме!“, изјави Фримен.

Со продолжувањето на договорот со Фримен, Бадел 1862 го затвори ростерот за новата сезона.

ПретходноНов пораз за ракометарките на Медитеранските игри
СледноКатерина Николоска и натаму го става македонското џудо на светската сцена