Доаѓа од Бундеслигата: Драган Јерковиќ е новиот тренер на голмани во А-репрезентацијата!

110

Ракометната федерација на Македонија објави дека хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ, ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Јерковиќ зад себе има богато интернационално искуство, како и искуство во германската Бундеслига. Во изминатите две сезони беше тренер на голманите во Rhein-Neckar Löwen, а од сезоната 2026/27 својата кариера ја продолжува во HC Erlangen.

По повод приклучувањето кон стручниот штаб на македонската репрезентација, Јерковиќ изјави:

Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија.Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет.Особено ме радува работата со нашите голмани, бидејќи сметам дека имаме одличен спој на искуство и младост. Верувам во нивниот потенцијал и сигурен сум дека со заедничка работа можеме да направиме голем исчекор и да оствариме добри резултати.Ќе дадам се од себе со моето искуство и знаење да ѝ помогнам на репрезентацијата и заедно да завршиме добра работа. Со нетрпение ги очекувам предизвиците што се пред нас и се што не очекува.“

ПретходноФФМ: Парична казна за Тиквеш од 5.000 евра, за Струга ТЛ од 2.000 евра!
СледноПроблем за Македонија пред заминувањето за Виена: Вирус ја „покоси“ пола репрезентација