Алкалоид го прегази Ловќен за прва регионална победа

155
фото: RK Alkaloid (FB)

Ракометарите на РК Алкалоид остварија сигурна и убедлива победа во Регионалната лига, откако на домашен терен го совладаа црногорскиот претставник РК Ловќен со резултат 54:37.

Натпреварот помина во знак на целосна доминација на домашниот состав. Уште во првото полувреме Алкалоид диктираше брзо темпо и замина на пауза со двоцифрена предност од 27:17, најавувајќи го високиот триумф.

Нападот на сините функционираше беспрекорно, а најефикасен на теренот беше Урош Борзаш кој постигна 8 гола. Голема поддршка во офанзивата му дадоа Нејц Цехте, Емилијан Ѓорговски и Александар Петковски, кои се запишаа во стрелците со по 7 погодоци.

ПретходноПлатија за него 125 милиони евра, а сега ќе им дреме на клупата!
СледноЃуроски: Имаме доволно време да се подготвиме и да стигнеме до посакуваната победа