Муслиу задоволен од ждрепката за КЛ: Ајакс е великан, ќе биде интересна група

124
фото: STVV (FB)

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу и неговиот тим Ст. Труиден, денеска ги добија ривалите во главната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Во првата изјава за СПОРТСПОРТ, Муслиу вели дека е задоволен од ривалите и очекува убава европска есен.

„Добивме интересна група со квалитетни екипи меѓу кои и легендарниот Ајакс. Знаеме дека нема да биде лесно на ова ниво, но со нетрпение чекам да започне сезоната“, вели Муслиу.

Белгискиот тим покрај Ајакс за ривали ги доби и Мјалби, Бран, Лугано, Иберија, Хајдук. Против Лугано ќе има и македонски дуел во кој од една страна ќе биде Муслиу, а на другата Алиоски.

ПретходноПрв тренинг во Виена: Вирусот е минато, Македонија е подготвена за Австрија! (ФОТО)
СледноМладите одбојкари убедливо поразени и од Русија