Прв противник на македонската кошаркарска репрезентација во втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година е селекцијата на Австрија, дуелот е закажан во недела (16:05 часот) во Виена.
Австријците дома се враќаат со изненадувачки пораз од Кипар на гостински терен од 77-72. Селекторот Арамис Наглиќ не криеше дека се разочарани, главната причина за поразот ја гледа во слабата одбрана.
„Разочарани сме. На крајот, индивидуалните квалитети на нивните бекови одлучи. Тие реализираа тешките удари. Имавме солиден настап. Бевме добро подготвени, секој си ја заврши работата. Генерално, не успеавме да ја завршиме нашата домашна задача во одбраната. Сепак, честитки до мојот млад тим за оваа тешка борба.“, е првата анализа на предводникот на Австрија.
Македонските кошаркари денеска (12:30 часот) заминуваат за Виена.










