Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу и неговиот тим Ст. Труиден, денеска ги добија ривалите во главната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Во првата изјава за СПОРТСПОРТ, Муслиу вели дека е задоволен од ривалите и очекува убава европска есен.
„Добивме интересна група со квалитетни екипи меѓу кои и легендарниот Ајакс. Знаеме дека нема да биде лесно на ова ниво, но со нетрпение чекам да започне сезоната“, вели Муслиу.
Белгискиот тим покрај Ајакс за ривали ги доби и Мјалби, Бран, Лугано, Иберија, Хајдук. Против Лугано ќе има и македонски дуел во кој од една страна ќе биде Муслиу, а на другата Алиоски.










