Серафимов за она што го чека Левски во ЛЕ: „Дуелите со Милан, Салцбург…во Софија, ќе бидат спектакли!“

112
ФОТО:.facebook.com/levskiofficial

Никола Серафимов имаше шанса во оваа сезона да игра во Лигата на Шампионите, но сепак тој и неговите соиграчи на реваншот од плеј – офот не успеаја да ја минат последната пречка, тоа беше АЕК. Па така ќе играат во Лигата на Европа а против себе ќе имаат навистина големи дуели со познати ривали.

Тој за “СпортСпорт“ се осврна прво на својот Левски:

Во силно темпо ја завршивме минатата сезона во која по долго време ја освоивме титулата, а во исто темпо продолжуваме и во оваа. Засега се оди според планот, перферктни сме во првенството со максимален број на бодови. Успеавме да стигнеме до плеј – офот во ЛШ, за жал не успеавме да се пласираме во лигашката фаза. Работите не одеа според планираното на реваншот во Атина и мора да се признае дека загубивме од објективно подобар противник“.

Во Лигата на Европа ќе играат дома со Милан, Салцбург, Јагелонија, Лилестром, додека на гости кај Марсеј, Плзен, Сандерленд и НЕК Нијменген…

Лигата на Европа е голем предизвик за нас. Мислам дека после 20 години Левски влегува во групна фаза и самото тоа носи голем мотив да се претставиме во добро издание. Имаме силни противници, тешко ќе бид. Играме со Милан, Салцбург, Марсеј…кога ќе играме дома стадионот ќе биде преполн. Атмосферата ќе биде многу жешка во Софија и на никого нема да му биде лесно. Тоа ќе бидат вистински спектакли“.

Серафимов верва во одбрана на титулата…

Имаме добар тим, имаме добар колектив, имаме маестрален тренер кој што наметнува своја филозофија на секој тренинг и на секој меч. Тој не води низ ова патешествие и веруваме во него. Се надевам дека ќе успееме да се претставиме во најсилно можно издание. Да освоиме што е можно повеќе бодови во ова натпреварување. За шампионатот во Бугарија може да кажам дека амбициите се највисоки и се стремиме кон тоа да ја одбраниме титулата и повторно да ги израдуваме нашите фанови“ заврши Македонецот во дресот на Левски.

ПретходноФлик: Создадовме многу шанси, но за жал постигнавме само два гола
СледноПо вчерашната тешка брука се огласи и Ц.Звезда: Најтежок пораз во поновата историја на клубот!