Студен туш за Баер (Л) на гостувањето кај Елверсберг, РБ Лајпциг почна моќно

45

Елверсберг приреди голема сензација на стартот од новата сезона во Бундеслигата, совладувајќи го Баер Леверкузен со 3:2. Новиот прволигаш одигра фантастичен натпревар пред домашната публика и со победа дебитираше во елитното германско друштво.

Домаќините го започнаа мечот фуриозно и за само девет минути стекнаа предност од 2:0. Елверсберг продолжи со одличната игра, а Давид Моква во 46. минута зголеми на неверојатни 3:0.

Баер успеа да се врати во завршницата. Патрик Шик во 77. минута намали на 3:1, а Кристијан Кофане во судиското продолжение постигна уште еден гол за гостите. Сепак, Елверсберг издржа до крајот и го запиша најголемиот триумф во историјата на клубот. За Елверсберг ова е историски прв натпревар и прва победа во Бундеслигата, откако клубот минатата сезона обезбеди промоција во елитата.

РБ Лајпциг со убедлива победа ја започна новата сезона во Бундеслигата, откако на домашен терен ја совлада Борусија Менхенгладбах со 3:0. Лајпциг со трите освоени бода испрати јасна порака дека и сезонава има амбиции да биде во врвот на германскиот фудбал.

Во останатите дуели:

Унион Берлин – Ајнтрахт (Ф)  3:3

Мајнц – Падерборн 0:0

Келн – Хофенхајм 3:2

ПретходноПресврт: Иако понуди оставка, Илиќ останува на клупата на Партизан
СледноИмал понуди од клубови што играат во Лигата на шампионите, но реши да игра во Втора лига