Македонската машка одбојкарска репрезентација со позитивна атмосфера ги продолжува подготовките за настапот на Европското првенство. Репрезентативците ја реализираа и официјалната фотосесија пред почетокот на континенталниот собир.
Насмеаните лица и добрата атмосфера се потврда за мотивот во националниот тим, кој ќе се обиде да остави силен впечаток на турнирот. Сите мисли се насочени кон настапите во дресот со националниот грб, со една заедничка порака: За кого? За Македонија!










