Официјално: Воткинс е нов фудбалер на Ал Хилал

50

Англискиот репрезентативец Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, откако официјално ja напушти Астон Вила и потпиша за Ал Хилал.

Трансферот вреди 60,4 милиони евра, со што саудискиот клуб доби уште едно големо засилување во нападот. Воткинс потпиша тригодишен договор со Ал Хилал и по шест години го напушта клубот од Бирмингем.

Триесетгодишниот напаѓач пристигна во Астон Вила во 2020 година од Брентфорд и со текот на годините се наметна како еден од најважните играчи на тимот. Во дресот на Вила постигна 91 гол во Премиер-лигата, што го прави најдобар стрелец во историјата на клубот во елитното англиско натпреварување. Вкупно, Воткинс запиша 108 погодоци во сите натпреварувања за Астон Вила.

ПретходноЈирген Клоп на тренинг на Баерн Минхен!(ВИДЕО)
СледноСтоле прими два гола од своите соиграчи, Валенсија повторно поразена