Столе прими два гола од своите соиграчи, Валенсија повторно поразена

90

Валенсија доживеа тежок пораз на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња. Нашиот Столе Димитриевски денеска прими три гола, од кои два беа директно од неговите соиграчи.

Депортива Ла Коруња славеше со 3:1, а Валенсија одигра натпревар за заборав. Оособено разочарувачко беше изданието во одбраната.

Тарега и Дијакби ја погодија мрежата на Столе и постигнаа автоголови, а третиот беше дело на Обамејанг. Единствениот гол за Валенсија го постигна Садик. Валенсија и по три кола се уште е без победа во Ла Лига.

ПретходноОфицијално: Воткинс е нов фудбалер на Ал Хилал
СледноГаштаров со нови 90 минути за Ц. Звезда, Ташовски стартер за Младост