Англискиот репрезентативец Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, откако официјално ja напушти Астон Вила и потпиша за Ал Хилал.
Трансферот вреди 60,4 милиони евра, со што саудискиот клуб доби уште едно големо засилување во нападот. Воткинс потпиша тригодишен договор со Ал Хилал и по шест години го напушта клубот од Бирмингем.
Триесетгодишниот напаѓач пристигна во Астон Вила во 2020 година од Брентфорд и со текот на годините се наметна како еден од најважните играчи на тимот. Во дресот на Вила постигна 91 гол во Премиер-лигата, што го прави најдобар стрелец во историјата на клубот во елитното англиско натпреварување. Вкупно, Воткинс запиша 108 погодоци во сите натпреварувања за Астон Вила.










