Со месеци трае процедурата околу Андреј Тодороски и неговиот настап за Македонија со оглед на тоа дека правилата на ФИФА се јасни, а фудбалерот со потекло од Прилеп се откажа од австрискиот пасош. Офанзивниот играч лани имаше добра сезона во Србија но неговиот ТСЦ Бачка Топола испадна од елитата на оваа земја па сега тој игра во понизок ранг и во новата сезона на 5 натпревари постигна 2 гола.
Најновите информации говорат дека Андреј Тодороски во наредните неколку часа ќе комплетира трансфер од ТСЦ во Борац од Бања Лука. Тој е прв пик на клубот од Босна и Херцеговина за кој веќе настапуваат нашите репрезентативци Херера и Шишковски. Клубот од Бања Лука во фудбалерот од Македонија гледа замена за Дамир Хреља кој направи трансфер во Турција.
Екипата на Борац покрај битката за титулата во домашниот шампионат оваа есен по вторпат во својата историја ќе игра и групна фаза од Конференциската лига каде ќе се сретне со екипите на: Панатинаикос, КуПС, Мјалби, Аталанта, Хартс и Рига.










