Полладнево се одиграа два меча од 3.коло во тековната сезона во Втората лига на Македонија. Составот на Охрид на свој терен просто го декласираше Кожув со 5:1. Ова беше втора победа на охриѓани во нивниот втор меч, ако се знае дека тој од 2.коло со Детонит беше одложен. Па така Охрид сега има “два од два“, максимални шест бода со кои се наметнува како еден од кандидатите за највисок пласман.
Тетекс на Чаир на гости кај Шкупи успеа да дојде до триумф со 1:3 и да освои три бода. Ова е прва победа на “штофарите“ во нивниот втор меч и сега имаат вкупно 4 бода. И нивниот меч од 2.коло против Работнички беше одложен.
Вечерва од 20 часот во Струмива под светлоста на рефлекторите играат Беласица и Детонит со што завршува 3.коло во ВМФЛ.










