Гаштаров со нови 90 минути за Ц. Звезда, Ташовски стартер за Младост

122

Македонските фудбалери таленти Матеј Гаштаров и Васил Ташовски денеска добија место во стартните состави на своите екипи во српската Суперлига. Гаштаров повторно беше стартер за Црвена звезда, за која одигра втор последователен натпревар во кој ги мина сите 90 минути на теренот. Младиот македонски фудбалер постепено добива поголема доверба и минутажа во составот на белградскиот гигант. Ц. Звезда денеска славеше минималносо 0-2 на гостувањето кај Земун, а Гаштаров имаше повторно одлична статистика, со 95% успешни додавања во средниот ред.

Ташовски, пак, го започна натпреварот од првата минута во дресот на Младост Лучани, продолжувајќи да биде дел од тимот во најсилната српска конкуренција. Настапите на двајцата Македонци се позитивен сигнал и дополнителна потврда дека младите македонски фудбалери имаат сè поголема улога во српскиот фудбал.

ПретходноСтоле прими два гола од своите соиграчи, Валенсија повторно поразена
СледноБеласица и Детонит одиграа без победник