Шкендија Арачиново со двата гола на Енис Фазлагиќ успеа да дојде до победа и три бода на гости кај Башкими попладнево во Куманово, во меч од 5.коло во ПМФЛ. Победа од 1:2 во еден интересен меч во кој кумановци иако го забележаа и петтиот пораз во петтиот меч, сепак го постигнаа првиот гол сезонава и покажаа дека од меч во меч ќе им им биде многу тешко на ривалите да дојдат до бодови против нив.
Ова беше втора победа на тимот од Арачиново и втората на гости.
Инаку мечот подобро го “отворија“ гостите, со висок пресинг просто доминираа во таа поечтна фаза. Па така рано и поведоа со голот на новакот Енис Фазлагиќ уште во 8.минута. Јасно е дека некогаш големиот талент на мак-фудбалот ќе биде големо засилување за тимот од Арачиново. Гостите имаа шанси за удвојување на водството, но сепак Башкими како што одминуваше времето беше се подобар и подобар. Се закани во неколку наврати, а потоа следуваше ерупција од воодупшевување на стадионот во Куманово кога Рибеиро од слободен удра постигна ретко убав гол за 1:1. Ова беше првиот гол на Башкими во новата сезона, точно по 385 минути.
Сепак на одмор се замина со водство на гостите кои преку Фазлагиќ во 45.минута, со неговиот втор гол, се израдуваа.
Во продолжение од средбата домашните, бодрени од публиката на единствената трибина на стадионот во Куманово, настојуваа со борбена и агресивна игра да дојдат до уште едно израмнување, ама Шкендија Арачиново знаеше како да ги чува тие 1:2.
Во 59.минута фантастична шанса за Мехмед за 1:3. Беше сам, нешречен од никого, но тој се одлучи да “распали“ и само го погоди добро поставениот домашен голман Алију.
На крајот 1:2 за Шкендија Арачиново.
Утре од 17 часот во Кавадарци играат Тиквеш и Вардар во последниот меч од ова 5.коло.















