Валенсија доживеа тежок пораз на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња. Нашиот Столе Димитриевски денеска прими три гола, од кои два беа директно од неговите соиграчи.
Депортива Ла Коруња славеше со 3:1, а Валенсија одигра натпревар за заборав. Оособено разочарувачко беше изданието во одбраната.
Тарега и Дијакби ја погодија мрежата на Столе и постигнаа автоголови, а третиот беше дело на Обамејанг. Единствениот гол за Валенсија го постигна Садик. Валенсија и по три кола се уште е без победа во Ла Лига.










