Палестина испиша историја – постигна 168 поени

85

Палестинската кошаркарска репрезентација постави нов рекорд на ФИБА за најмногу освоени поени во еден натпревар, откако ги победи Малдивите со 168:78.

Натпреварот се играше како дел од претквалификациите за Азискиот куп, кој ќе се одржи во 2029 година.

Палестинците постигнаа неверојатни 47 поени во првата четвртина, а до полувремето достигнаа 84. Не попуштија во остатокот од натпреварот, завршувајќи ја третата четвртина со 41 поен, а последната со 43 поени.

Дури десет палестински кошаркари имаа двоцифрен број на настапи. Најефикасен беше Тамер Хабаш со 22 поени, пет скока и три асистенции.

Мохамед Абушамсија и Омар Сулејман додадоа по 18 поени.

Овој натпревар постави и рекорд за квалификациите за Азискиот куп во однос на вкупниот број освоени поени во еден натпревар – двата тима заедно постигнаа 246. Палестина ја постигна и најубедливата победа во историјата на ова квалификациско натпреварување, со разлика од 90 поени.

ПретходноАлкалоид повторно го наполни голот на Ловќен!
СледноРаскин на договорот: Бензема си замина од Ал Хилал