Алкалоид влезе во победнички ритам. Тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров дојде до втората победа во регионалната лига, и повторно на сметка на Ловќен. Овој пат ракометарите на македонскиот состав славеа на гостински терен со 29-40.
Првото полувреме Алкалоид го отвори со 1-4 со головите на Цехте, Ѓорѓиев и Борзаш. Нај големата предност во овој дел од мечот која што ја имаа момците на Лазаров беше пет гола 8-13. На одморот беше 18-18.
На стартот на вториот дел видовме изедначен игра, но тоа траеше кратко. Алкалоид „нагази“ и за кратко време ја врати позитивата од пет гола 19-24 во 38-та минута и продолжи сигурно да чекори кон триумфот. Од овој момент на теренот доминираше само македонскиот тим.
Иван Џонов со 8 гола беше прв стрелец во редовите на Алкалоид, зад него беа браќата Митеви со по пет погодоци, исто колку што имаше и Ненад Костески.










