Малиот Кралевски стартер на „Пољуд“ ама загуби од „неговиот “ Хајдук!

198

Има мали деца овој наш фудбал кој со добра логистика, скаутирање и менаџирање може да се склопи стабилна иднина и репрезентација. Иако покрај себе го има знамето на Хрватска и игра за младите селекции на оваа земја, Теодор Кралевски е фудбалерот кој во иднина би можел да настапи за земјата на неговиот татко и земјата во која е роден.

Овој 19 годишен фудбалер вчера го имаше својот прв професионален натпревар со цели 90 минути за екипата на Локомотива од Загреб. Малиот Кралевски за првпат беше стартер и тоа на „неговиот“ Пољуд и против неговиот матичен клуб Хајдук. Сплитскиот тим славеше со 2:0 но добриот настап на Кралевски со своите 19 години против големиот фаворит се за одбележување.

Треба да се знае дека Теодор е исто така дете од Сплит, од таму е неговата мајка а Хајдук е клубот во кој играше и неговиот татко Игор Кралевски.

ПретходноМиовски на пат за Холандија
СледноАлкалоид повторно го наполни голот на Ловќен!