Миовски на пат за Холандија

218

По се изгледа дека македонскиот интернационалец и репрезенаттивец, Бојан Миовски следниот период ќе го мине во Холандија. Поточно во тимот на Феенорд каде што има опција да оди на позајмица нашиот репрезенативец.

Во неговиот матичен клуб, Ренџерс, во моментов не е прва опција во нападот, што е неразбирливо но тоа е реалноста. Па во насока на поголема минутажа, очигледно дека Миовски ќе мора да замине на друго место.

Холандија и Феенорд се појавуваат како опција, а со оглед на отворениот и креативен фудбал кој што се игра таму, полн со погодоци, и офанзивни акции, тоа за напаѓачот би било идеална ситуација во моментов.

Тој во Шкотска веќе одамна се докажа. Во лигата во која беше и меѓу најдобрите стрелци па заработи трансфер во Шпанија во Џирона. Во враќањето на Островот, во Ренџерс, ете ситуацијата за Миовски е променлива, па за прв пат откако стартуваше неговата интернационалан кариера, можеби ќе треба да оди на позајмица.

За нас пак, Миовски е премногу драгоцен што се однесува до репрезентацијата, и секогаш неговата минутажа и форма е сериозна тема. Се надеваме дека неговиот статус ќе се реши многу бргу и наѓачот ќе ја добие адекватна минутажа, а со тоа и ќе ја врати старата препознатлива форма.

ПретходноФФМ: ВАР правилно постапи за директниот црвен картон на ФК Тиквеш
СледноМалиот Кралевски стартер на „Пољуд“ ама загуби од „неговиот “ Хајдук!