„Пастрмајлијадата“ ќе го премести дуелот Брегалница – Скопје

227
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Раководството на ФК Брегалница поднесе официјално барање до Фудбалската федерација на Македонија за промена на терминот на натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига против ФК Скопје.

Средбата првично е предвидено да се одигра во Штип на 19 септември, но истиот ден на градскиот стадион ќе се одржи манифестацијата „Пастрмалијада“. Поради преклопувањето на двата настани, клубот побара натпреварот да биде одложен, односно да се најде нов термин за негово одигрување.

Сега ќе се чека одлуката за промената на датумот кој е во надлежност на Фудбалската федерација на Македонија.

ПретходноИ тоа го има во ПЛ: Бунтот на навивачите го запре трансферот од 40 милиони евра!
СледноХоланѓаните ја повлекоа поддршката за Инфантино и бараат длабоки промени во ФИФА