ФФМ: ВАР правилно постапи за директниот црвен картон на ФК Тиквеш

499

На натпреварот од 5. коло во Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Тиквеш и ФК Вардар, во 25. минута од натпреварот, играчот на домашната екипа со број 22 намерно го удри противничкиот играч со лакт во пределот на главата, без можност да игра со топката.

Од ФФМ потврдија дека одлуката е исправна кога станува збор за црвениот картон.

Станува збор за прекршок кој, според критериумите и Правилата на фудбалската игра, ги исполнува условите за директен црвен картон, односно за сериозно недозволено однесување кое се граничи и со насилничко однесување.

ВАР интервенцијата во оваа ситуација е целосно оправдана и правилна, согласно утврдената линија на ВАР интервенции, со оглед на тоа што станува збор за ситуација која има директно влијание врз одлуката за дисциплинска санкција.

А за ТВ-коментаторот, кој речиси постојано повторуваше дека „нема фаул за црвен картон“ – доколку има потреба, со задоволство ќе му ги објасниме Правилата на фудбалската игра и судиските критериуми, за во иднина јавноста да добива стручна анализа, а не мислење засновано на непознавање на правилата.

Моментот можете да го видите на следниот ЛИНК.

ПретходноНово убедливо издание: Пелистер против Дубочица се загреваше за ГРК Охрид
СледноМиовски на пат за Холандија