Четири златни и три сребрени медали за македонските кикбоксери во Будимпешта

50

Македонската кикбокс репрезентација забележа одличен настап на 31. Светски кикбокс куп во Будимпешта, освојувајќи четири златни и еден сребрен медал во конкуренција на 2.011 натпреварувачи со 3.012 влеза од 47 земји.

Највисоко на победничкиот пиедестал се искачија Петре Велков, Андреј Смилевски и Калин Бабоски, кои со победи во финалните борби стигнаа до златните медали. Со злато се закити и Туркер Исмаил во дисциплината кик лајт, кој до титулата стигна со максимален учинок – четири победи во четири борби.

Радослав Велески го комплетираше успехот во сениорска конкуренција со освоен сребрен медал. Македонија имаше свој претставник и во судискиот сегмент. Интернационалната судијка Елена Костадиновска беше дел од судискиот тим на престижниот турнир во Будимпешта.

Успешен настап имаа и најмладите македонски кикбоксери на Hungarian Open Cup ’26, турнир за деца и помлади кадети кој се одржува во рамките на Светскиот куп. Митко Чавков освои златен медал во категоријата до 42 килограми, додека Александар Илиев во истата категорија стигна до сребрено одличје.

ПретходноТоше Ефремов и следната сезона во словенечки Чрнуче
СледноЕфремовски: Добрата одбрана беше клуч за победата во Виена