ТИМ И ИГРАЧ НА 5.КОЛО: Меличи блесна и во Кратово

179

Шкендија гази ли гази. Во петокот во меч од 5.коло лидерот успеа да победи и во Кратово кај Силекс со 0:2 во уште едно дерби. Откако одигра одлично во одбраната, младиот дефанзивец Анес Меличи му донесе и водство на својот тим, потоа се беше полесно. Од она што го покажува во моментов јасно е дека Меличи важи за еден од најдобрите дефанзивци во моментов во ПМФЛ, ако не е и најдобар.

СпортСпорт“ се одлучи токму тој да биде играч на ова 5.коло. Покрај него во идеалниот состав на колото се и неговите соиграчи Ферат Рамани, Јован Манев, Арбин Зејнулаи и Фахд Ндзенгуе. Тука се и Папе Фал, Буњамин Шабани и Христијан Малески (Струга ТЛ), Ибрахима Фал и Бесар Гуџуфи (Тиквеш), Енис Фазлагиќ (Шкендија Арачиново).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АНЕС МЕЛИЧИ

Тим: Шкендија Тетово

Роден: 09.01.2006 во Скопје

Кариера: Шкендија

Претходно„Марка“: Меси ќе игра во Интер Мајами уште две години пред да оди во пензија
СледноБелистојаноски ќе се бори за злато на Медитеранските Игри