Брера против Санта Колома во квалификациите во младинската ЛШ

117
ФОТО:.facebook.com/fkakademijapandev/

Младинците на Брера го добија својот проитивник во првата квалификациска рунда во младинската Лига на Шампионите. Струмичани на попладневната ждрепка ви Нион, за ривал го добија тимот на Санта Колома од Андора.

Првиот меч на 16 септември младите фудбалери на Брера го играат како гости, додека реваншот го играат како домаќини на 14 октомври.

Победникот од овој двомеч во следната рунда за ривал го има тимот на Хофенхајм од Германија.

Брера Струмица по втор пат во изминатите три години ќе биде дел од елитната младинска фудбалска сцена во Европа.

ПретходноДејвид Гета го сели Вардар на терените на ФФМ
СледноЅвездата на Наполи ќе мора на операција на срцето