Дејвид Гета го сели Вардар на терените на ФФМ

286
ФОТО: FFM.MK

Првенствениот дуел со Арсими фудбалерите на Вардар ќе го играат на стадионот на ФФМ во Скопје. Причина за ваквата преселба на првакот е престојниот концерт на светската мега-ѕвезда Дејвид Гета кој ќе има настап во Скопје на 8 септември по повод 35. годишнината од независноста на нашата држава.

Иако натпреварот е закажан три дена пред концертот сепак подготовката на бината и заштитата на теренот како и техничките зафати на стадионот се причината поради која првакот мора да бара алтернативно решение. Вардар по киксот со Тиквеш и ремито 1:1 во Кавадарци останува несериозен клуб без тренерски ангажман на нов шеф на струката. Кристијан Фабијани одамна замина а неговиот помошник кој остана да ја води екипата го нема ниту реномето, нити знаењето а ниту капацитетот да седи на клупата во клуб каков што е Вардар. Тимот во четврток гостува во Свети Николе на Куп дуелот со третолигашот Овче Поле.

ПретходноОфицијално: Гроздановски и Адем го засилија ФК Скопје! (ФОТО)
СледноБрера против Санта Колома во квалификациите во младинската ЛШ