Она што го најавивме од ФК Вардар го потврдија. Миодраг „Гроф“ Божовиќ е нов стратег на „црвено-црните“, човек со навистина богата кариера.
Со актуелниот македонски првак потпиша договор до летото 2028 година.
Во долгата тренерска кариера, Божовиќ бил на клупата на дури 23 клубови, а последен пат го предводеше составот на Будуќност, каде што се задржа само неколку месеци.
Божовиќ бил тренер на Црвена Звезда, Борац Чачак, Пафос, Естегал, а најмногу работел во Русија, каде што ги предводел Локомотив, Ростов, Амкар, Динамо Москва…















