И Шкендија – Тиквеш се игра на ФФМ!

632

Како што велат нашите информации, во ова коло може да се случи дури три од пет натпревари да се играат на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Како што синоќа информиравме, дуелот Вардар – Арсими се игра и дефинитивно на ФФМ поради концертот на Дејвид Гета на Арената “Тодор Проески“ во Скопје на 8 септември.

Исто така повеќе од сигурно е дека во петок, дербито на ова коло во кое се среќаваат првопласираниот состав на Шкендија и третиот Тиквеш, ќе се игра на ФФМ. Се чека само официјална потврда и секако сатница на почетокот, а најверојатно ќе се игра во вечерен термин.

Инаку во ова коло во недела нема да има прволигашки фудбал, барем такви се најавите а можно е и мечот Скопје – Башкими да се игра на ФФМ во сабота.

Кога сме кај Шкендија да кажеме дека овој меч со Тиквеш на тетовци ќе им биде дури четврти.

ПретходноОфицијално: Мудрик со дресот на Тотенхем (ФОТО)
СледноДенеска стартува и сезоната во Купот: Струга ТЛ против Победа (В), Вардар игра утре со Овче Поле