И дефинитивно е познат распоредот, секако и сатницата, на сите мечеви од 6.коло во нашата елитна лига. Три меча се играат во Скопје, од кои два на ФФМ. Три меча се играат во вечерен термин односно под рефлектори. Инаку и ова коло нема да има натпревар во недела, ова веројатно станува пракса.
Шкендија – Тиквеш и Вардар – Арсими, како што веќе најавивме ќе се играат на ФФМ и тоа под рефлектори.
РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ ОД 6.КОЛО ВО ПМФЛ
ПЕТОК
Скопје: Шкендија – Тиквеш (19 ч)
Штип: Брегалница – Шкендија А (18.30 ч)
САБОТА
Скопје: Скопје – Башкими (16.30 ч)
ПОНЕДЕЛНИК
Струга: Струга ТЛ – Силекс (16 ч)
Скопје: Вардар – Арсими (19 ч)















