Чупиќ го загуби гласот ама вредеше!

586

Иван Чупиќ освои нов пехар како тренер на Вардар, овој пат заедно со неговите момци се победници на Супер-купот. „Црвено-црните“ славеа против ГРК Охрид со 32-31 во меч со голем број пресврти.

После мечот тренерот на актуелниот македонски првак остана без глас, едноставно едвај говореше. Но, сето ова вредеше бидејќи сезоната ја стартуваат со пехар, вкупно петти во ова натпреварување.

Чупиќ им ја честиташе на своите момци победата.

„Сигурно дека сме задоволни кога ќе се освои трофеј, среќа и задоволство е големо. Знаевме дека не чека тешко финале против многу добар противник и би сакал да му честитам на Охрид за фер и коректниот меч. Ова беше вистинско финале и честитки до моите играчи“, изјави Чупиќ.

ПретходноВалах со феноменална одбрана, Вардар го освои Супер-Купот
СледноРојевиќ: Некои работи не ми се допаднаа, честитки за Вардар!