Валах со феноменална одбрана, Вардар го освои Супер-Купот

283

Уште една интересна пресметка приредија Вардар и ГРК Охрид пред почетокот на новата сезона. Во битката за Супер-Куп трофејот, победата ја однесе Вардар кој славеше со 32-31. Ове беше петти пехар во ова натпреварување за актуелниот првак.

Воркапиќ со 12 гола беше прв стрелец во редовите на Вардар, зад него беше Малус со седум погодоци. Лиапис со шест погодоци беше прво име на другата страна.

Охриѓани во првите шест минути отворија со 1-4, но на другата страна „црвено-црните“ брзо договорија, за три минути изедначија на 4-4, па мечот влезе во игра гол за гол. Охрид пред стартот на 20 минута дојде на плус два (8-10), додека пред крајот на првото полувреме со серија од 3-0 дојде до прво водство од два гола (16-14), позитива со која замина на одморот 17-15.

Абделхак на стартот на второто полувреме зголеми на 18-15.Сепак како по некое пишано правило следеше подоцна нов пресврт, ГРК Охрид повторно дојде до водство од два гола 20-22, но неизвесноста продолжи, на средината на овој период беше 24-24.

Сртмљан и Лиапис на стартот на 50-та минути за момент го однесоа ГРК Охрид на позитива од 25-27, но следеше нов бран на Вардар за 29-27, беше и 31-29 на две минути до крјаот. ГРК Охрид успеа да изедначи на 31-31 на 40 секунди, Вардар не искористи напад.

Малус во вистинско време се избори за пенал и за исклучување на Иванковиќ. Воркапиќ изведе пенал на 20 секунди до крајот за 32-31, Валах на другата страна го спречи Охрид да дојде до израмнување за голема радост во редовите на неговиот тим. Го одбрани ударот на Смиљан.

На овој начин Вардар му се реваншираше на ГРК Охрид за поразите во претходните две финалиња во рамките на подготвителните турнири.

ПретходноМакедонија на 65. место на најновата ФИБА ранг-листа
СледноЧупиќ го загуби гласот ама вредеше!