Македонија на 65. место на најновата ФИБА ранг-листа

111
Фото: ФИБА

Македонската машка кошаркарска репрезентација се најде на 65. место на најновата ФИБА ранг-листа, објавена по завршувањето на четвртиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2027. Македонија сега има 237,7 бодови и се спушти едно место во однос на претходното рангирање.

На врвот и натаму се САД со 952,3 бодови, пред Германија со 877,4 и Франција со 870,9. Французите ја прескокнаа Србија, која сега е четврта со 870,6 бодови. Во топ 10 се уште Канада, Шпанија, Австралија, Аргентина, Турција и Литванија.

Од нашите противници во евро-претквалификациите, Австрија која ја победивме во Виена е на 66. место, додека Кипар е на 69. позиција.

ПретходноМИ 2026: Ивановски заврши на 7. место на трката на 10.000 метри
СледноВалах со феноменална одбрана, Вардар го освои Супер-Купот