Штипска Брегалница продолжува да ја засилува екипата со млади и перспективни фудбалери од Штип. Ново име во сино-белиот дрес е 20-годишниот Андреј Велков, лев бек кој треба да одговори на задачите и во дефанзивата и во офанзивната фаза.
Во досегашната кариера, Велков покрај Брегалница настапуваше и за Брера Струмица и Тиквеш од Кавадарци. Ги помина и сите младински репрезентативни селекции на Македонија до 19 години. Минатата недела Велков беше дел од македонската репрезентација до 20 години на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде што остави одличен впечаток, а сега се враќа во својот матичен клуб.















