ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ПАРТНЕР НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОЛИВЕР СОКОЛОВ – СОКОЛ”

31

Во тек е 22-рото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол”, традиционален спортски настан кој секоја година ги обединува љубителите на фудбалот, младите спортисти и локалната заедница.

Турнирот традиционално започнува на 1 септември, со натпреварите на игралиштето „Сокол”. Видеолотарија Касинос Австрија  и годинава обезбеди поддршка за турнирот. Со ова партнерство, уште еднаш ја потврдуваме својата определба за поддршка на спортот, спортските вредности и создавањето можности младите да бидат дел од позитивни, активни и инспиративни средини.

Огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Поддршката од компании кои препознаваат колку спортот значи за младите и за заедницата е исклучително важна за турнирот да продолжи да расте и да ја гради својата традиција,” истакнуваат организаторите.

За Видеолотарија Касинос Австрија, партнерството е дел од стратегијата за општествена одговорност и континуирана поддршка на спортот. Со поддршката на ваквите настани, придонесуваме во создавањето средина во која спортот и младите имаат свое заслужено место.

ПретходноПОВЕЌЕ ОД ОНА ШТО ГО ОЧЕКУВАТЕ! TUCSON Hybrid по специјална акциска цена!
СледноМартин Стојанов: “Не ја потценуваме Шкендија Арачиново, но ќе нападнеме од првата минута!“