Стеф Кари одлучи каде ќе ја заврши кариерата

121
Фото: Голден Стејт/Твитер

Стеф Кари, еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, нема никакви дилеми околу желбата да ја заврши својата богата кариера во Голден Стејт.
Тој има опција да потпише нов, двегодишен максимален договор вреден повеќе од 130 милиони долари следното лето.
Според „ESPN“, Вориорс практично го оставија Кари за самиот да ги постави условите на новиот договор.
„Нема сомнение дека сакам да останам до крајот на кариерата и сум апсолутно сигурен дека тоа ќе се случи“, рече Кари претходно.
Најголемата загриженост е повредата на коленото.
Минатата сезона одигра само околу 40 натпревари, а ако закрепнувањето оди добро, се очекува легендарниот бек да одигра над 70 натпревари во следната сезона.
Кари, кој има 38 години, ја помина целата своја НБА кариера, која започна во 2009 година, со Вориорс, а со овој тим освои четири титули во најсилната лига во светот.

ПретходноОфицијално: Герсон Родргиес повеќе не е член на Вардар
СледноНовиот тренер на Вардар го следи куп мечот против Овче Поле