Манев: Успехот не не залажува, мора и натаму да бидеме 100% во секој дуел

30

Утре со почеток од 19:00 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје, лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, тимот на Шкендија ќе го одигра дуелот од шестото коло против екипата на Тиквеш.

Тетовци и натаму се перфектни во новиот шампионат, имаат пет победи од исто толку мечеви, а според Јован Манев, тимот ќе направи се за да тоа остане така и по утрешниот дуел.

„Секако дека годи да си лидер и да имаш такво статус. Сепак, јасно ни е на сите дека ќе мора да работиме напорно тоа така да остане. Одиме максимално на секој меч без разлика на противникот. Тиквеш е квалитетен состав, и мора да сме 100% фокусирани. Тука сум околу еден месец, но се чувствувам како да сум многу подолго. Одлично сум прифатен од сите, и тоа многу ми значи“ – изјави Јован Манев пред утрешниот дуел со Тиквеш во Скопје.

 

ПретходноСкопје му вели добредојде на Осман Хасановиќ
СледноХерера и Елези во тимот на колото во Босна