Херера и Елези во тимот на колото во Босна

24
ФОТО:.facebook.com/FudbalskiklubSarajevo/

Македонските репрезенаттивци Себастиан Херера и Агон Елези се најдоа во тимот на колото, кое што се играше во текот на неделава во шампионатот на Босна.

Херера со својот тим на Борац, вчера комплетираше триумф од 2:0, а тој стандардно е неприкосновен на таа негова лева позиција.

Од друга страна пак, Агон Елези со гол во последните моменти од дуелот донесе три бора во минималниот триумф од 1:2 над Широки на гостински терен.

И обајцата се очекува да се најдат на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви во Лигата на нациите.

ПретходноМанев: Успехот не не залажува, мора и натаму да бидеме 100% во секој дуел
СледноДисциплинска комисија при ФФМ: Црвениот картон на Лавал чини три меча суспензија