Кавај Ленард ќе потпише договор со Торонто Репторс

28
Фото: ЛА Клиперс/Твитер

Кавај Ленард се очекува да потпише нов договор со Торонто Репторс по враќањето во клубот. Според информациите на Шамс Чаранија, Торонто и Лос Анџелес Клиперс веќе разговарале за реализација на трејдот.

Договорот се очекува да биде финализиран наскоро. Ленард потоа би требало да потпише продолжување на соработката со Репторс.

За 35-годишниот кошаркар тоа би можело да биде и последниот голем договор во кариерата. Во моментов тој има договор со Клиперс до крајот на сезоната 2026/27.

Според актуелниот договор, Ленард треба да заработи околу 50 милиони долари оваа сезона. Неговото враќање во Торонто доаѓа шест години по историската шампионска сезона со Репторс. Кавај во 2019 година го предводеше Торонто до првата НБА-титула во историјата на клубот.

ПретходноБарди доби суспензија од два меча за црвениот картон
СледноАнчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона