Борис Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

56
Фото: ГРК Охрид

Предмалку од тимот на ГРК Охрид објавија дека е постигнат договор за нова соработка со Борис Ројевиќ. Поточно, истата тренерот го обврзува да биде дел од охриѓани до 2029 година.

Во објавата на клубот секако се вели дека соработката е на обострано задоволство и дека ќе се продолжи во насока која што е веќе трасирана од претходно.

ГРК Охрид во моментов доживува звездени моменти, како на домашна, така и на интернационална сцена, а Ројевиќ има огромна улога во сето тоа. Тоа е тренерот кој што го донесе најголемиот успех во историјата на клубот.

ПретходноАК Аеродром Скопје учествуваше на детските Европски атлетски игри 2026
СледноГо освои Мундијалот со Шпанија, па на 31 година реши да се повлече од репрезентацијата