Го освои Мундијалот со Шпанија, па на 31 година реши да се повлече од репрезентацијата

32

Маркос Љоренте на 31 година донесе изненадувачка одлука да стави крај на репрезентативната кариера. Фудбалерот на Атлетико Мадрид се повлече од репрезентацијата на Шпанија само месец и половина откако со националниот тим ја освои светската титула.

Љоренте откри дека одлуката ја донел уште пред Светското првенство и дека таа немала никаква врска со исходот на турнирот. Тој нагласи дека станува збор за лична одлука, донесена по долго размислување.

За Шпанија дебитираше во ноември 2020 година, а во националниот дрес одигра 27 натпревари. Настапи на Европското првенство во 2021 година и на две светски првенства.

ПретходноБорис Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година
СледноАдидас го направи последниот дрес за репрезенатцијата на Германија