Речиси никој на планетава не очекуваше дека некогаш фудбалската репрезентација на Германија ќе облече друга опрема освен Адидас. Но, ете се случи и тоа, и повеќе децениската соработка наскоро ќе заврши.
Германија и Адидас имаат договор до крајот на 2026 година, а потоа ќе превземе Најк.
Од друга страна пак, Адидас во свој стил одлучи да направи збогувачки дрес што се вели, и адекватно на ситуацијата, тој е со црна боја.
Адидас и фудбалската репрезентација на Германија соработуваа цели 72 години.










