Предмалку од тимот на ГРК Охрид објавија дека е постигнат договор за нова соработка со Борис Ројевиќ. Поточно, истата тренерот го обврзува да биде дел од охриѓани до 2029 година.
Во објавата на клубот секако се вели дека соработката е на обострано задоволство и дека ќе се продолжи во насока која што е веќе трасирана од претходно.
ГРК Охрид во моментов доживува звездени моменти, како на домашна, така и на интернационална сцена, а Ројевиќ има огромна улога во сето тоа. Тоа е тренерот кој што го донесе најголемиот успех во историјата на клубот.










