ПМФЛ: Дерби на ФФМ – Шкендија против Тиквеш, Брегалница на мегдан со Шкендија Арачиново

111

Вечерва на програмата се два меча од 6.коло во ПМФЛ. Шендија го пречекува Тиквеш на ФФМ во Скопје од 19 часот, а Брегалвоница ја дочекува Шкендија Арачино во Штип од 18.30 часот. Ова значи дека и двете средби се играат под светлоста на рефлекторите.

Шкендија – Тиквеш е дерби на колото со оглед на тоа дека среќаваат првиот и третиот на табелата. Лидерот и четврти пат ќе игра на ФФМ како домаќин и посакува “шест од шест“. Без разлина на квалитетите на Тиквеш, тетовци покажаа досега дека се класа за себе во овој момент во ПМФЛ. Јасно е дека се фаворити, јасно е дека предноста е на нивна страна, но исто така јасно е дека ако некој може да ја сопре таа нивна победничка серија тоа е Тиквеш. Кавадарчани и во минатото коло против Вардар, иако играа 2/3 од мечот со играч помалку, не само што не загубија туку го растурија Вардар играчк, ама дојдоа само до бод.

Добра вест за стратегот на Шкендија е враќањето на Гаје, Ѓорѓиевски и Красничи, додека Фреитас и Димоски и натаму се во „аут“ поради повреди.

На Градскиот стадион под Исарот домашната Брегалница се среќава со Шкендија Арачиново која и во изминатите денови осетно се засили. Секако дека четата на стратегот Никола Кузманов, која важи за класичен домашен тим, е во блага предност. Од друга страна никој, ама баш никој не смее да ја потцени Шкендија Арачиново. Во секој случај во очекување сме на два и тоа како супер интересни мечеви.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Штип: Брегалница – Шкендија (А) 18.30 ч

Скопје (ФФМ): Шкендија – Тиквеш 19.00 ч

ПретходноАнтиќ купи дрес на Јамал за 2500 евра како донација во хуманитарни цели
СледноНеверојатно: Кирјос доби само еден месец суспензија поради користење кокаин!?