ПМФЛ: Шкендија Арачиново победнички во Штип!

126

Брегалница – Шкендија Арачиново 0:1 е резултатот од првиот меч од 6.коло кој се одигра вечерва во Штип. Секако дека ова е неочекуван резултат, шок за “сините“ ако се знае дека тимот на Никола Кузманов досега беше максимален дома.

Сепак Мехмед во 85.минута, со помош на Рајков, го изненади домашниот голман и тоа беше сосема доволно да се освојат големи, големи три бода.

Меч кој не може да се каже дека овој натпревар беше којзнае како квалитетен. Исто така треба да се каже дека домашните останаа со играч помалку откако Методи Максимов беше исклучен.

Домашните имаа свои шанси, но сепак не ги реализираа. Гостите одиграа како што треба, знаеја како треба и кога во финишот младиот Мехмед погоди, јасно беше дека трите бода одат во Арачиново. Во самиот финиш и гостите со исклучувањето на Фазлагиќ, останаа со играч помалку.

Ова беше прв пораз на Брегалница на свој терен и четврти сезонава, остана на тие 6 бода. Шкендија Арачиново дојде до третата победа и сега има 10 бода.

ПретходноИнтересно: Павловиќ одбил трансфер од Баерн во Сити!
СледноКрај на бајката: Тиквеш со СИЛА ја прегази Шкендија! (ФОТО)