РК Вардар тргна со победа: Шампионот рутински на стартот против Пелистер 2!

68
ФОТО:facebook.com/rkvardar

Вечерва и официјално стартуваше новата ракометна сезона. Шампионот тргна со победа во одбрана на тронот во ракометната Суперлига на Македонија. РК Вардар со 31:19 успеа да го победи Пелистер 2, откако избраниците на стратегот Иван Чупиќ на рутински начин се справија со младиот состав од Битола.

Сепак на почетокот не беше така лесно за вардарци, барем во тие први минути битолчани имаа што да кажат. Беше 1:1, па 2:2, 3:3. Сепак како што одминуваше времето, Вардар покажа кој е кој и само ја билдаше разликата. Во 20.минута веќе беше 13:7 за домашниот состав, ако се знае дека овој вечерашен натпревар се играше во малата сала “Јане Сандански“ во Скопје.

На одмор се замина со 18:9 за големиот фаворит.

Во продолжение од мечот домашните само рутински ја одработуваа работата, но и таквиот стил на игра беше доволен вардарци да водат со 24:9 во 36.минута од средбата.

Да кажеме дека во текот на овој меч тренерот Чупиќ комбинираше со составот, но немаше никаков проблем да се дојде до убедлива победа. Н крај семафорот покажуваше 31:19.

Кога сме кај стрелците Фадуил со шест голови, од кои пет од удар од седум метри, беше најефикасен на мечот, секако и кај Вардар. По пет пати во листата на стрелците се запишаа Митровиќ и Тузолана. Кај гостите Симоновски со четири голови беше најефикасен.No description available.No description available.No description available.No description available.

ПретходноТК Евросет домаќин на Државното тениско првенство за ветерани
СледноИнтересно: Павловиќ одбил трансфер од Баерн во Сити!